чувство (имн.) - што (зам.)

-Замислете си: чувства што раздвижуваат машини и креваат тежини!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Инквизиторскиот суд на кралството во рајот конвертирање на неправедните, злобните… светот со лик на големо море, бранови и острови интониран со екологија на духот, психичкиот распон Човечкото битие кон природните феномени емотивната клима на чувствата што лебдат во итаницата кон недостижното, копнеж кон совршенство во судир од пречки на патот пред блокаторите кон свемирна галаксија…
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
На тие што првпат започнуваа да се судат, за да ги ослободи од непријатно чувство што ќе одат по судови, им велеше: „А што ќе правиш... Така е создаден светот... преку делби...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Чувствата што ги регистрираше беа поинакви од оние што тој ги чувствуваше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)