чудо (имн.) - може (гл.)

МИХАЈЛО: Помина? СУЛТАНА: (Кима со главата. Пауза.) Уште малку. Само чудо може да нѐ спаси.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Во градот се веруваше оти ова чудо може да донесе и други чуда. Се враќаше надежта.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А, Наум? Ах, само да го знаеше ти него. Чуда можеше тој да направи со тие негови вредни раце. За сѐ го бидуваше.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Чуда, чуда можам да направам.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Во тоа мало селце во длабочините на мојата земја секакви чуда можеа да се сретнат.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)