чудо (имн.) - од (предл.)

Тие беа толку мали што беше вистинско чудо од каде им доаѓаше топлината за да си ги заштитат малите тела од смрзнување кога температурата беше под нулата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И ви се допаднаа! Побаравте корици, а јас бев во чудо од неверување.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Баба ми ги меси најубавите кифлички на светот, а пак, мекици! Чудо од убавина!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Други баби и дедовци немам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Смрта не е ништо таа е природна, па јас можам да се справам со неа, ама ова горест... ова чудо од измачение на камбаните кои предсмртно биеа во мене сотрувајки ме до последно зрнце... јас не се гледав повеќе себе..... само некоја земска восочна фигура врвеше низ песпатот, тркалајќи се во густиот снег...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Осмото чудо од последниот рид пловеше в магла.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Мене ме донесе, тоа чудо од далеку, а тебе те прибраа турците во залог, те тераа како стока со камшик па те дотераа право пред мене. - објаснуваше Трајанка. – Но секое раѓање било болно, велат старите, еве гледаш како нашата љубов се роди со болка.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)