чудо (имн.) - и (сврз.)

Во сандачето (тоа беше куферче) бенге зела од кај браќа си дветри кила компири, и кога ѝ кажа на Митра дека таа ќе го зготви петелот, ни со бонгур ни со ориз, ами со компири, оваа зина од чудо и за малку што не извикна: „Да е видел господ, кокошка со компири ќе ми готви ваа орјатка! Шо ни се чуло, ни се видело!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Лефтеро! - Вика комесарот - земи го ова чудо и стрелај го во трапот. Поплати го со земја за да не смрди. - Не може... Штета за куршумот. - вели Лефтера.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се случува чудото и старата кора потерува ситни кичери од лисја како крести на зимските пилиња в далечина што гинат.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Човекот со него ја вдишува убавината на пролетното чудо и глувиот виеж на нејзината тага.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Утрината царот по мене испрати џелат и судија (и отец Стефан со нив беше), оти не верувал царот во чудо, оти слаба му била душата властољубива за да разбере чуда и да поверува дека и невидливото постои, само што не се гледа, оти не мора нешто да се гледа за да постои.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тргнав низ коридорот, во најцрн мрак, јас мрава црна во црна ноќ на мрамор црн, одев низ дворот, кон скрипториумот, каде отец Кирил Филозофот остануваше до доцна во ноќта запишувајќи сочиненија некакви во кои ги прославуваше чудесата и подвизите на божјите луѓе.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Салото под елекот закитен со тежок сребрен синџир му се бранувало од задоволство додека ја гледал толпата обземена од тапа љубопитност, пред секакво чудо и сите што му биле и што ветувале дека ќе му станат купувачи на басма, шајак и јамболии можеле да се восхитуваат и да му се чудат - коњот пиел вино од поило и по команда се исправил на задните нозе.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И така од ден на ден, несетно, подоцна, по овој запис уште повеќе , чудото и чудесноста на едно делче од минатото избледува, станува ненужно знаме на кое ни видовникот не може да му ги определи знаците и припадноста.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И не само мислење, нудеше сослушување, совети, рамо за плачење, пречекуваше, испраќаше клиенти, тешејќи ги дека сѐ ќе биде во ред, дека нема да биде залудно нивното барање што го доставиле, дека ќе се случи чудо и дека токму ним ќе им биде помогнато, дека не смеат да изгубат надеж во институциите на системот, дека тој искрено верува ... иако сѐ што му се плеткаше во главата, во моментите кога ги кажуваше овие сказни од земјата на заблудата, беше едно здушено „ееххх, кутри луѓе, штом животот не ви помогнал до сега ... но којзнае...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Перса веруваше во Господовите чуда и тајни и знаеше дека не треба да се растајнува сето тоа.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
1. Преобразби „Срцето ме влече да ги опеам преобразбите во други тела“,23 на Ѓаволот конецот намотан на макара да го замрсувам јазикот да го вртам вртоглаво на врвот врв да најдам во коцката, коцка-бесконечност во кругот, точка-вселена за габите легло, да го откријам -пред да пропеат првите петли- мистериозниот отпечаток, совршено обол божјата преса по европските полиња додека житото живее знак дава човекот да се прилагоди на чуда и да мисли низ чудеса небаре сѐ е од два краја составено на два раздвоено, непостојано хаос и космос секаде и секогаш отровен и неотровен свет двојници свет условно отворен на слобода пуштен за да биде поблиску до смртта најаве одошто теориски.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)