шамиче (имн.) - и (сврз.)

Таа плаче, ја отвора чантичката од змиска кожа, вади шамиче и се брише.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Дури сега забележува дека од џебот на мантилот го извлекла чистото бело шамиче и механички ги брише очилата за сонце.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Го чекавме Земанек пред циркусот; јас го бришев со шамиче и му велев да појдеме на лекар; тој одбиваше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Извади негде од внатрешниот џеб на палтото некакво стуткано и замастено шамивче и си го избриша потното чело.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
КАТА: (се враќа липајќи од плачење и трча кон прозорецот, го отвора, вади шамиче и мрдајќи со него вика).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Ги редеше цвеќињата во чаша со вода и го молеше Висара да не ги фрла кога ќе овенат, тука да ги чува додека не му донесе свежи; овенатите цвеќиња ги завиткуваше во шамиче и ги редеше в џеб.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Само... уште еден услов имам... (се преправа оти му е жал, вади шамивче и ги брише очите).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Вади шамиче и го брише лицето.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Тој имаше и некои други алишта и украси, како што беа кафеавите, гускини панталони пикнати во енормно големите чизми, црвените шамичиња и револверите, како и една пушка, сместена преку седлото заедно со кожниот колан со милиони куршуми на него.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тој го заузда понито (без тешкотија) кое одеше речиси два километри на час и го отпоздрави врховниот монарх.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Потоа извади некакво шамивче и си ја избриша потта од збрчканото лице.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)