шамија (имн.) - во (предл.)

Сиротата мајка се затресе од овие зборови и ја зеде шамијата в раце, та тргна од домаќин до домаќин да моли да ѝ помогнат да се подигне „куќа“ на „сајбијата“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но тие ништо не знаеле да ѝ кажат; ја посоветувале да се врати дома си и да чека да види на што ќе излезе сето тоа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но кога тој таа вечер, наредниот ден и наредната ноќ, не дојде, мајка му, со шамијата в раце, лелекајќи се загна во Прилеп, кај делениците, за од нив да дознае нешто за Атанаса.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Максим влегува во гостинската одаја, од масата го извадува пиштолот, го сокрива в пазува и кога излегува на чардак на Јосифа, кој станал во меѓувреме, и на другите им вели Ко ќе застуди влезете внатре, а на Васила Митрески Ние со тебе, Васил, ќе се прошетаме малку.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И вели Некој сега треба да им каже за тоа на неговите, но за такво нешто, сам гледа, нема потреба: од кај живеалишните куќи на имотските луѓе, преку дворните места, трчаат сите имотски луѓе и пред сите нив, со шамијата в раце, Лазорица.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Лете Ристос си игра со дечињата во дворот Полни ведро од бунарот Ги полева како цвеќенца другарчињата Навечер собира светулки со нив И се тркала низ покосената ливада А кога ќе заспие во тревата Кога ќе порасне во сонот Кога ќе заприлега на момче Од ридовите на летната ноќ Ќе се покаже Дева Марија За да си го прибере Исуса И го засолни Во ѕвездената постела на светото писмо Ние така заспани во трева И не ја видовме белата шамија во која беа завиткани клинци И не чувме како одѕива во ноќта Некој дури ни го ковеше крстот.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Смири го, синко, радиото, замоли, јас не знам да ти појаснам зошто ама секогаш кога го свират Тешкото Татко ти излегува од фотографијата И со црвена шамија во рацете Заигрува и скока та се затресува куќата, - чиниш се урива чардакот...
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
АНТИЦА: (влегува со шамија во раката и и ја подава).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Пелагија не ја послуша веднаш мајка Перса, на работа продолжи да оди како и порано, со ветвата шамија во која го криеше лицето, а и со излитените пантолони на Димостена, со чувство на вина што не ги оставила со другите пљачки кога заминуваше од неговото одајче.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Луман се бркна во појасот и оттаму извади една шарена шамија во која нешто беше врзано. Ѝ ја подаде на Танасица.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)