шанса (имн.) - во (предл.)

Ми беше јасно дека немам никакви шанси во тој момент да разговарам со неа за случката со дедо ми.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Демек, кој мижел упорно немало да му се затворат зениците и шансата во очната мрежичка да ја зграпчи светлата иднина.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
И тој, како и Татко, фанатично веруваше дека единствениот спас за нив и за нивните семејства, по сите пропуштени шанси во нивните ветувачки кариери, едниот во Цариград, другиот во Париз, нивната последна утеха, беа книгите, само со нив и во нив се чувствуваа како победници со неостварени илузии. И само книгите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)