шепа (имн.) - земја (имн.)

И тогаш, ѓаволот, бргу се наведна и в очи ми фрли шепа земја. Ослепев.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ѓорѓи ги слушна само зборовите „вечнаја памјат” и кога застана сосема близу гробот, виде како луѓето се наведнуваат, трипати земаат шепа земјата и ја врлат во отворениот гроб.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тап удар на земјата врз кивурот. Тој симна капа, кротко поттурна старец кој стои пред него, се наведна, насобра шепа земја и ја фрли во гробот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)