шеќер (имн.) - или (сврз.)

И за саралија со шеќер или со мед, за мазник - кори печени на сач и клавани една врз друга, та попрскани со млако топена маст, кори за оризник – и тие печени и попрскувани со маст и ориз или кори за лешчалник и фасулник, пак печени на сач та поливани со леќа или грав омекнати во млака овча маст...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сакам да јадам праз колку што ми може душата и да си одморам под некое дебело дрво, а во меѓувреме да не морам да изџвакам од новите Orbit Ultra Fresh без шеќер или да купам четкичка за заби од најблиската продавница, па кришум да се мијам, притоа уредно зачешлувајќи ја косата...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)