шиник (имн.) - глава (имн.)

Цане имаше еден недостаток; не слушаше што му се говори и одеше само по своите мисли; затоа уште го викаа и „Шиник глава, стодрам мозок“.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Дончо ( Тета Чана го викаше Доне) не изгледаше дека е роден во иста година со неа, дури и во ист месец, ама не и во ист ден (само близнаци можеле да се родат во иста година, во ист месец и во ист ден), оти тој беше уште еден нејзин бој повисок, два пати поширок во грбот, а за главата и да не се зборува - тетка Чана му велеше дека има шиник глава!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)