штрк (имн.) - во (предл.)

Поораа уште малку и бидејќи Силјан си одел по браздите сѐ близу, си зобал црвјето, чунки му се сладило, и му се чинеше оти татко му го милува, без да му текне оти е штрк во тој саат.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Мислеше дека ме опива првото доброутро на пролетта во таа крастава година да лежам со тил на камен и без трепкање да го гледам движењето на орлите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Пролет е“, се обиде да ми објасни. „Ќе ни се вратат штрковите во големи јата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Треќи пат пак беше му рекол Велко на деда си: - Дедо, дедо, види го штркот до тебе!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Поораа уште малку и, бидејќи Силјан си одел по браздите сѐ поблизу, си 'и зобал црвјето, чунки му се сладило и му се чинеше оти татко му го милуа, без да му текна оти је штрк во тој саат.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Кога ќе влезе штрк во туѓо гнездо за прељуба со туѓа штркелица, сите штркови му судат.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се врати штркот во седелото ланско, со жаба стара.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Секое време е негово време. Оглед за Силјан Штркот Во преданијата влезе твојата слобода грешним твоето патување, почетокот на преобразбата копнежот по родното копно долгоклуните земјаци тајниот речник и магијата на враќањето на оној кој не е ни сам ни единствен
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
а возот само си пуфка, си штрака на шините, и од тоа не се слуша многу нашето викање, грми, не чувме и кога грмнало небото и туку - удри еден дожд на вагонот, штрака, така, така, така, како да работи машина за шиење, ако си чул, ама кај ќе чуеш, кај нас се шие на рака, колва озгора дождот, и почна да претечува од тоа отворчето одозгора, почна да капе, да навева и ние се креваме замелушени, ги креваме главите, зинуваме со устите и чекаме водата да ни капе на јазикот, се поттурнуваме така подзинати нагоре, ко штркови во седело, а дождот си шие одозгора, си колва и нѐ понакрева, нѐ наживнува, ама после не се легнува во сламата, сламата се раскваси и сите болви наскокаа на нас, ни се пикаат под пазуви, под гуша, под ногавици, и боцкаат, дупат, ти ја пијат крвта, тоа што останало од крвта, колку едно песочно браздиче, и така паткаме, два дена и две ноќи паткаме, а може помалку, не знам...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)