ѓавол (имн.) - ќе (чест.)

Ова е јазиче или чкрапец. Кога ќе го повлечеш, тогаш иглата удира по капсулот од фишекот и, ако добро нишаниш, ѓавол ќе го земе тој во кого нишаниш.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се врати пред залез, и ѓавол ќе знае зоѓто, наеднаш се развесели од врелината во своите мускули.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Власта, онаа вистинска, го заборавила селото, ако продолжи вака ѓаволот ќе дојава на кобила од чии ноздри ќе капе болештина, чума или такво нешто, потоа ќе се лепи за добитокот и за луѓето, мислеше некој од нив.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Кого ѓавол ќе го земе? Кој ќе страда? Двобој.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Да ги дупнеш, којзнае какви ѓаволи ќе им излезат од сонот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- А кој ѓавол ќе ја знае, шушкаво се издиши старецот и не дочека да го чуе она што бев должен да му го кажам.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Доколку секоја куќа ќе има воденица, каменен ковчег со врата, и бабуњосаниот ѓавол ќе ги повлече шепите од здружената сиромаштија.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И така, селаните од Кукулино, по душа и безбожници и многубошци, изнашле дека со една воденица, сеедно на кој дел од Давидица, Али-бег и неговите луѓе лесно ќе се расправат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И, којзнае кој ѓавол ќе им влезеше в глава, ќе се погледнеа како затвореници разделени со јаки железни шипки и со олкави солзи, ќе се изнаплачеа.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Кога доаѓаше по мене не го пуштив во воденицата да не те види. За јатак ѓавол ќе ме смета.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кај кој ѓавол ќе отидете сега... Како пилци ќе исцркате...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Ами сега? Во кој ѓавол ќе оди?
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Што ли му значи ова? - го прашувам Митрета, но тој крева раменици и шепоти: - Ѓавол ќе знае! Задача ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)