ѕвезда (имн.) - Деница (имн.)

Светлозрачно сонце. Тој е светлозрачна ѕвезда Деница и неговите две сестри Марија и Магда... ***
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
И наместо да е страшно, бидејќи е ноќ во паркот, прекрасно е.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сите ѕвезди слегле од небото и се разлетале наоколу, низ паркот. Дури и ѕвездата Деница.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Треба да се враќаме – ги потсетив. - Осум и пол е часот, знаете вие или не! –викна Марија.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Да не ја забележав ѕвездата Деница дека веќе се појавила ниско на небото, токму таму каде што светеше и тенкиот срп на младата месечина, којзнае дали ќе се сетевме дека ноќта полека надоаѓа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Па отпосле Господова волја била да ни го даде Трајана наш, и снаата кротка, чесна, и внуката Ѕвезда - како ѕвезда Деница да ни сјае.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
И додека се радувам на прилив од сопственото богатство на романтични мисли, дисторзија на времето, го одлагаше крадешкото престигнување на ѕвездата Деница...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Пчелките нежен касај ми оставија, ко цветови од црвени усни Во дремката на ноќта, празноглав со стакленици ги потпирав капаците на темнината Во небото ѕвезда Деница светкаше Мракот се стопи во зракот на утрото Со сиот жаргон се обидувам да го спасам денот кој навестува нова мора... залудно
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
На исток ѕвездата Деница беше отскочила високо. Ралиците го губеа својот сјај, а Квачката одвај гледаше.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)