ѕвезда (имн.) - во (предл.)

И токму ни рече да го отвориме учебникот и да погледнеме што треба особено да запаметиме. Ѝ рече на Софче полека и јасно да чита: - Вселената е бесконечен простор исполнет со милијарди ѕвезди и други небесни тела.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Веројатно и наставничката ги сака овие фантастични работи, па со занес ни раскажува за вселената.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- Сонцето е ѕвезда во гасовита состојба и има своја топлина и светлина.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Тие се наде­ваа дека со помош на Хабловиот космички телескоп ќе го најдат она што го бараат во формата на бројните ѕвезди - црвените џуџиња, кои би биле премногу слаби за да се видат со земските инструменти; меѓутоа, кога моќниот Хабл ги пребара големите празни простори во нашата галаксија Млечен пат за коишто беше проценето дека ветуваат, наместо да откријат дека се посипани со црвени џуџиња и недостасувачка материја, покажа дека се празни како орманот на мајка Хабард или џеп во кој сте сигурни дека сте го ставиле клучот, патем начнувајќи уште една загатка: загатката на доказот дека космосот е неколку милијарди години помлад од најстарите ѕвезди во него, барем според начинот на кој сме навикнати да ги мериме нивните старости.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Астрономите сега ја користат теоријата на хаосот за да создадат пулсирачки модел на раниот космос, со движењето на ѕвездите во галаксиите, планетите, сателитите, кометите во Сончевиот систем.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Во 1963-та година Мишел Енон, францускиот астроном што работеше во Принстон (голема погодност: американски компјутер!), заедно со мошне способниот студент Карл Хејлс, направи значаен пробој откако некои од тополошките идеи на Поенкаре ги примени за пресметување на движењето на ѕвездите во галаксиите, каде што орбитите на ѕвездите јасно покажувале премин од правилно во хаотично движење. okno.mk | Margina #26-28 [1995] 86 Овие формули на Енон од тогаш се користат како парадигма за хаотичното движење во Њутновската механика.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Хаосот се јавува дури и во наизглед простите њутновски системи каде што не постои одлевање на енергијата (ткн. Хамилтонови системи), какво што е движењето на ѕвездите во галаксиите и на атомите во молекулите.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
„Сигурен сум дека можете да ја продадете на некоја ѕвезда во Холивуд“, одговори старешината.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
„Во што е работата“, рече Индиецот. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 183
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Американецот рече, “Но што да правам со стара железна ограда”?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Постои тој остров, тој копнеж по времето небиднина и сон, неуловлива ѕвезда во нас само ‘рти неговото семе но тој расцутува дури на прагот од бездната.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Овде никогаш одново ќе биде јули: Дрвја со црвени плодови, Старичка што со недели чека да се воздигне За да си поразговара со својата сосетка на небесата, Ѕвезди во дланките на заспаните дечиња, Жени со набрекнати дојки легнати под сенка, Крикови на птици среде летната замаглина над ожнеаните полиња, Илјадници пеперутки скаменети во сенката на облакот, Српови расфрлени кај јазот, Црна сол врз изгорените костури на тревките И една девојка што полни ведро во бунарот За да му подаде студена вода на оној Утре што ќе следи на ова исто место Загледан во дрвјата со црвени плодови Овде некогаш одново ќе биде јули...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
На розата чиј мирис го сакав и на ѕвездите во очи непаднати.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Ете, самиот се увери, зар не е чудесно и неверојатно созананието дека ти си една мала ѕвезда во севкупниот космос? – му возврати старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ќе светиш со очите. Јас сакам да го видам твојот сјај. Ѕвезди во очите ќе ти подарам.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Денес ја видов ѕвездата што се спушти од танцот на ѕвездите во јато...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Овој автор луцидно забалежува дека со самото тоа што Цеца Аркан стана мега ѕвезда во остатокот од бивша Југославија, може да се констатира промена во доминантната идеологија.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Меѓу сите ѕвезди во ноќта зрачиш како искра надеж.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Копнежливите очи ѝ згаснале како отсјајот на ѕвездите во пресушен бунар, а низ процепот се наѕирале само уште двете стаклести зеници.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Најпосле се распаднале и кревките коски, и сега на тоа место стои само овој стар Французин кој се пече на пеколната жештина, и кој на секој новодојден му ја нуди приказнава, достојна секој поет да го вдахне со истите солзи како и онаа за Андромаха.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кога паѓа ѕвезда во приказната на Андерсен за девојчето со кибритчиња, се вели дека некој умира.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Со љубов во денот чекам да те видам јас морам, морам да ја љубам ѕвездата во твоите гради За да ми светиш во мракот на мојот живот......
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Ноќите се сведоци, на нашите мисли... додека небото ги прегрнува ѕвездите Во прегратка, ние сонуваме! Меѓу сенките на сонот средба на љубовта...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Кога ги видоа големите чаши ракија пред нив знаеја дека се родени под крвава ѕвезда во еден гроздобер кога лозите цицаат од земјата само отровни сокови.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
А пред тоа долу, уште пред да ја заобиколи барата, зелениот извор на некоја прсната подземна вена , ги следеа неговите ситни чекори очите на оперативецот Отец Симеон; ги чу трите продорни свирења и се подгрбави; загази во барата, ги размрешка ѕвездите во неа, скоро потрча кон Нојовиот ковчег.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Малку подоцна, Г-ѓа Морисон ќе ја запознае младата вереница Г-цата Робертс и ќе ѝ ја раскаже својата својата животна приказна: Во младоста, Марсиа (Г-ѓа Морисон), станува голема оперска ѕвезда во Париз, каде што и живеела.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Загледан во небескиот мозаик на ѕвездите, секој збор си го замислуваше како ѕвезда во галаксијата на азбуката.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Вистина беше дека, при читањето, Татко редеше нови пластови знаење во својата душа, а Мајка беше пови­кана да ги проверува овие вистини во животот, како све­тли­­на на нејзиното семејство кое стануваше мала ѕвезда во балканските темнини... ***
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Детството со ѕвезда в рака Ми мафта оддалеку.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
3. Воздухот е расцветан Звуци на запалени бои го опиваат полето И небото почнува да се доселува Во облик на ѕвезда во секој заоблен плог.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Ја видоа блескавата боја на небото и десет секунди потоа, големата комета што се извишуваше согорувајќи го воздухот, истрелана кон ѕвездите, иташе во огнениот блесок за да стане уште една ѕвезда во ротирачкото изобилие на Млечниот пат.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Му пријде на каналот во кој се огледуваа ѕвездите во намрешканата вода.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Уште една ракета доаѓа, оставајќи зад себе црвени ѕвезди во просторот. ***
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ние сме во Преспа!
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Заспав со ѕвездите во очите.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Не го гледам но добро го знам Тоа испотено чело на копнежот: едноличен регистар од сувата кашлица на чекањето со две ладни ѕвезди во очите.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Сите со столетија кои влегувале и излегувале од пештерите на Адам; од мигот кои правеле вечност и од вечноста миг; од древности кои собирале ѕвезди во пустината и сушеле месечини по планините; сите кои се пресоздавале во камења што летаат на своите страдања - се раѓале со молитвеник в рака.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
И сè било многу страшно, се зачудила и месечината: - Ги мелам ѕвездите во воденица, месам погача од сребрено брашно и не знам до кого е вината што ова е толку страшно.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Неговата љубена во сонот беше ѕвезда што свети и грее, се разбира, ѕвезда во облик на мала топка сало. (Сонувајќи, Ќ не сфаќаше како таа не се топи од сопствената топлина.) Додека траеше сонот, Ќ го празнеше целиот фрижидер и потоа провалуваше во најблискиот фитнес-клуб за да трча на подвижна лента.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)