ѕвезда (имн.) - со (предл.)

Некој Јанко, речиси - во оган вивнува, по кадрите на некоја Вера заљубено воздивнува: - Презрели ѕвезди со дланка барам. Меѓу сите Вери ти си најкадравата Вера!
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Скокот преку јажето се изведува за секоја видена ѕвезда со нејзиното посебно, вистинско или измислено, име.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Затоа на Константин З. му се допадна мерката на неговиот министер-претседател Филов, кога е донесен прописот за задолжително обележување на лицата од еврејски происход, кој налагаше, оние меѓу нив што се заслужни за него, да носат шестоаголни ѕвезди со бела боја и значително помали димензии, наместо покрупните и жолти наменети за обележување на останатите Евреи.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ги отвори очите и се сврте кон детето. „Не, малечко„, рече. „Јас не сум поп. Јас сум ѕвезда со изгасната трага.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)