ѕвезда (имн.) - или (сврз.)

Да се избере некаков полу-псевдоним, близок до вистинското име, секако, но да биде типично француско, христијанско, едноставно име, значеше бришење на многу повеќе нешта отколку што можат да објаснат овие неколку зборови (и пак бескрајно би можеле да ги расчлену­ваме условите во кои една заедница како мојата - алжирски Евреи - во текот на триесетите понекогаш на своите деца им даваа американски имиња, некогаш имиња на филмски ѕвезди или актери како Вилијам, Џеки итн.).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Би сакал да сум го измислил и веројатно сонувам дека му служам.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ама тој, лебот, беше различен зашто ако денес, играјќи си со тестото како со пластелин, правеа форми на ѓевреци, веќе утре печеа ѕвезди или месечинки.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Наместо тоа, таа покажуваше женски ѕвезди или диви со кои се идентификуваа постарите геј-мажи, изгледа зашто тие предосудени, трагични ликови беа одраз на долните услови на нивните бедни животи и од нив одекнуваше архаичниот облик на машкото геј-постоење од кое ние сме имале среќа да избегаме – од кое нè ослободило геј-ослободувањето.40
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во оваа смисла, самата смеа, смеата како факт, не бележи некои други пресудни аспекти на машката геј-културна реакција – како што е силината на идентификацијата со жената ѕвезда или длабочината на опиеноста од неа и од нејзината драматична состојба – иако може да биде знак за нив. ‌Ајде, тогаш, да го разгледаме Милдред Пирс од поблиску и да испитаме неколку детали, еден по еден.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа, значајно е, не подразбира родова неволја за дивите, за балерините и за глумиците.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, со оглед на стандардната опозиција во хетеронормативната култура меѓу улогите и суштините – која е изоморфна со другите слични опозиции меѓу извештаченоста и природноста, изгледањето и бидувањето, неавтентичноста и автентичноста, изведбата и идентитетот, женственоста и мажественоста – таа претставува значителен проблем за родовиот идентитет на пејачите, на танчерите и на глумците.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Затоа што таквите ликови не остваруваат дејство, туку изведуваат претходно утврдена и напишана улога, тие ја немаат, и при сета своја виртуозност (и мускулатура, барем во случајот со танчерите) мажествената достоинственост на спортските ѕвезди или на политичарите од едниот или од другиот род, кои на почетокот од играта не знаат точно што ќе прават со телата и како ќе се однесуваат во текот на дејството што ќе уследи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но што можел да спечали од една воденица пребогатиот бег?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во својата голема одаја со чифит-ѕидови испрскани со златни капки (ѕвезди или дукати, стремеж кон пророковото стојбиште или бројки колку е издадено од неговата азна за издржување на медресата) не можел да ги преброи во сарајот ни атовите ни сеизите, ги штракал бројаниците над разгорен мангал и го чекал езанот на оџите да му се заблагодари на пророкот за сите добра на овој свет, потоа нагрнат со ќурк и со невидливи гавази зад себе стоел пред нејаките пупки на разбудените каранфили или замислено ја слушал опивната тага на чалгиите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)