ѕвезда (имн.) - ќе (чест.)

Оваа вечер и ѕвездите ќе ги нанижам во ѓердан за да ти го красат вратот и да ти ги греат срцето и душата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Немало да има ни граѓански отпор, ни борба за човечки права, ниту Роза Паркс ќе седнела на предно автобуско седиште резервирано за белци, ниту Кенеди ќе ги добиел изборите, ниту Мартин Лутер Кинг ќе држел историски говори, ниту Врховниот суд ќе ја укинел расната сегрегација по училиштата и универзитетите, ниту ќе се случел маршот на Вашингтон, ниту Црните пантери ќе имале муда да кренат глава, ниту демократите ќе се степале со полицијата на својата чикашка конвенција, ниту ќе се изродел студентскиот бунт, ниту ќе имало мировни движења, ниту ќе дошло до сексуалната револуција, ниту до флауер-пауер, ниту до мејк-лав-нот-вор, ниту до филозофијата "грлс сеј јес ту гајс ху сеј ноу", ниту до појавата на феминизмот и женската рамноправност, ниту ќе имаше слободен печат да го раскринка она лајно Ричард Никсон, ниту ќе имаше нудистички плажи и кампови, ниту ќе имаше екологија и борба против индустриските штеточини, ниту Латиносите и Азијатите ќе добиеја пристап до раководните места во државната администрација, ниту хомосексуалците ќе се избореа за право на слободна љубов, ниту поп- рок ѕвездите ќе држеа концерти за гладните во Африка, ниту јас како тинејџер ќе можев да носам искинати фармерки пред жива мајка Милена, ниту ќе можевме глас да кренеме против крвожедните корпорации, ниту ќе смеевме попреку да ја погледнеме воената индустрија, ниту ќе беше можен антиглобализмот, ниту пак глобализмот, ниту секоја сабота ќе одевме на протести против војната во Ирак, ниту денешниве манекенки ќе шетаа по писта во танги и со разголени гради, ниту Клинтон ќе смееше да зуцне дека дувал хашиш и ја таклабасал Моника Левински, ниту Џена Џемисон ќе направеше толку пари, ниту Ал Гор ќе можеше да попува против глобалното затоплување, ниту Бил Маер и Мајкл Мур ќе можеа осум години да плукаат по Буш и Чејни, ниту медиумите ќе признаеја дека Сара Пејлин е бимба бимбосана, ниту сега јас и ти ќе седевме овде со зелена карта, со другарот Обама на чело.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Побрзо ѕвезда ќе паднеше отколку тој да изусти збор.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Свеќи ќе купам во разни бои, за по дома да ги понесат, пред спиење да ги палат и да си ги чуваат, па да ми ги вратат изгорени и да ми се пофалат што сѐ убаво им се случило, а, ако колата низ брдо тргнала, секогаш можам да им речам дека, ете, сега месецот и ѕвездите ќе делуваат врз нив и дека моите предвидувања ќе почнат како лавина да се случуваат. Ама, од утре!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Не е, - потврди гласот. – Градот тагува.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
И потоа? Што се случило потоа ѕвездите ќе раскажуваат.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
На место него сигурно некоја ѕвезда ќе оборам. (се повлекува од балконот и, подоцна, се појавува во двориштето).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ѕвезда ќе оди со другачките до коријана билје да наберат. И за домата, и за в црква.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Знаев: кога ќе се стемни, ѕвездите ќе личат на бели пајаци.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мавни ми се од патот зашто, жими најмилото, ќе минам преку тебе. - Ќе минеш но твојата ѕвезда ќе догори.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Оној со факелот в раце се наведнал, другите се изненадиле: во окото на добичето се отворала огнена пупка, лилава, потоа бакарнозелена; и смртта имала свој цвет.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Еден од треварите, постариот, и некои двајца, калуѓерски долговратиот Лазар Аргиров и кашличавиот Осип Сечковски, веќе ја кршеле со секири колата на Дмитар-Пејко, кога пред нив како куп ѕвезди ќе блесне оган да нафрлаат врз зажареноста пресно месо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И потаму земјата под нозете се стоплуваше.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Нека те носи ѓаволот, и тебе и твоите закони. А ти нели се влечеш на мев по цицлестана анама?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ѕвездите ќе трепнат за миг, и во полноќта ќе земам сѐ, сѐ, што ми треба и не треба...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Ниедна мислам нема да продолжи да трае тежината на пустошот ќе влече и ѕвезда по ѕвезда ќе паѓа ќе трае таа толку колку што ќе потрае нашата утрена на постела распослан векот парче по парче дури се собере и последниот бран од праискони што лута ќе нѐ покрие.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)