ѕвер (имн.) - кој (зам.)

- Колку си умен, море ѕверу! - Да! Ѕвер кој не напаѓа секого, туку оној чиј залак му е највкусен, а во овој момент тоа си ти.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Дали тие, опседнатите, бегале од својот дом, и се вовлекувале во животинските дувла, без свест дека ѕверот кој лежи таму ќе ги раскине?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но време ли е сега, во овие критични за нас времиња, да водиме празни препирки и да се караме за магарешката сенка... кога Македонија е полна со некакви туѓи ѕверови кои го раскинуваат славјанското тело? ...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Наеднаш доби впечаток дека мракот околу колибата е полн со ѕверови кои чекаат да догори онаа слама, да згасне светлината, па да натрчаат од сите страни.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Дали во ловот, место да го фрлат копјето кон пленот, го оставале оружјето на земја и му се поклонувале на гонетото животно?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)