ѕид (имн.) - да (сврз.)

Еднаш една мачка ја збрка меѓу куќата од Богдан и плевната и ѝ го загради тесниот простор меѓу двата ѕида да не може да излезе.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Часовничарот кој му ја знаеше убавината, староста и вредноста, му даде на татко му колку што му побара и не го нави, ами го обеси на ѕидот да му го краси дуќанот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Брановите сѐ посилно удираа на куќата лути што не можеа ѕидот да го пробијат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Се доближија во темнината до калето и ги залепија главите на ѕидот да наслушуваат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Така снемоштена, таа пак со рамото се навали на ѕидот да дојде малку на себе.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Впрочем, и во други градови се случува сите ѕидови да имаат уши. Какви времиња, такви ѕидови.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Тројцата браќа почнале сомничаво да се гледаат, внимавајќи врз незавршениот ѕид да не падне ни нивната сенка, зашто кога нема друго, тогаш во градбата може да остане душата на оној чијашто сенка в мигот ја заробила градбата  умира како несреќник кого што го погодиле љубовни јадови.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ќе вршат насилства над нашата женска челад; очекуваната жетва по полињата ќе ни ја испозапалат; луѓето ќе ни ги распнат на страшилата по овоштарниците и така тие ќе се претворат во храна за гавраните.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ми иди и низ баџа или од некое дупче на ѕидот да влезам, вели, како црвец како црвотечина, вели Мирче. 44
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
се фаќа за носот и повраќа, некој снебивлив и кревок човек, ние одиме и смрдиме, ни смрдат алиштата, ни смрди и дишењето, душата, одиме меѓу пушки и штикови в затвор, а таму - пак сослушувања, нови премрежиња, кај ви се пасошите, ни велат, ги фрливме в море, велиме, од страв да не бидат откриени, велат, не од страв, туку од радост, велиме, не можеш со ѕидон да се разбереш, ние кажуваме едно, тие прашуваат друго и ништо не помага, нѐ осудуваат на смрт со стрелање, мене, Стевана Докуз, Илија Јованов, Добри Закоски, Јоше Богески и Силета Плевнеш, Стеван се тресе, го собира срцето ко полжав роговите и олкави солзи му се тркалаат по образите, му паѓаат в уста, а тој само шмрка и ги подголтнува и идат две војничиња со муцки од глушец и со ситни очи како топуски и ни собираат сѐ што имавме купено: чевли, шапки, палта, панталони, обетки и прстени за жените, џепни сатови, пари, сѐ, еден зема, другиот ги собира на една мушама, ги подврзаа плачките и ни даваат белешка, што зеле, ја подврзуваат мушамата со крајовите, ја креваат и си заминуваат, отиде печалбата наша и седиме, никој не заспива, од утре ќе имаме напретек време за спиење, уште една ноќ живот, си светкаме со очите и прашуваме кој го фрли прв пасошот,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)