јаболко (имн.) - да (сврз.)

И мене ми го пресекоа палецот на ногата. Како шупливо јаболко да отребија.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Пронајде јаболко, па иако не чувствуваше потреба прво јаболко да загризе, мораше, зашто немаше што друго.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Нишан (поделено јас) Договор е јаболко да не клаваме во разговорот - кутија отворена: раздорот, пан-доратот на мегдан сам ќе дојде во ситен кас, ненасит јаболкото е за по дома уште повнатре за интимни дела (пред употребата добро да се одмери) уште повнатре во умот без него -една глава сто ума- расцеп на личноста, пизма без име како јас-бол, како разроко јас поделено јаболко: поделено ти камен-меѓник (кај и да погледнеш!) во мојата нива коренот во твојата плодот а сенката паѓа на сите страни на светот, АДАМ.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)