јаболко (имн.) - или (сврз.)

ПОТПОЛНО зависните наркоси често и по два месеца немаат столица, а на цревата им годи кога ќе се залепиш на едно место - Зарем тебе не ти годи? - што бара интервенција на машината за лупење јаболки или нејзиниот хируршки еквивалент...
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Татко добро знаеше дека големите идеи кои зачнуваа во главите врз погрешни основи од смели поединци, како на пример, во главата на научникот Лисенко, со идејата да создаде џиновско јаболко или зрно жито, можеа во доменот на свеста, на пример, идејата да се истера Бог од душите на луѓето, да се отстрани самото верување на луѓето, можеше да биде проследена со несогледливи последици.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Што велеше Лазор Ночески: „Ако не каснеш црешна, барај јаболко или оскорушка, ако не го завтасаш и тоа, ти остануваат само шипинки и глогинки.“ Толку.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Игнорирајќи го гладот или залажувајќи го со по некое јаболко или некое зрно леблебија купена на одморите, се дружев со хероите на Шолохов од Тихи Дон откриени за прв пат во првиот том купен од една антикварница во Суботица, издание на Космос од Белград од 1940 година.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Од преголема радост ја гризнав грутката како да беше јаболко или шеќер.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)