јаве (имн.) - почне (гл.)

А противсоништата како што се знае Не се соништа ја биле со петокраки ја со крстови Сигурно затоа новите асолни сонувачи Јас сакам да ги честам со сок од еукалиптус Во кафулето Ленин на пристаништето во Сиднеј А вие сетики си спомнувате Дека Ленин беше тој што велеше Индустријализација плус Електрификација плус Организација Рамно на голем сон од петокраки И не туку така се вели дека баш Ленин Прв на јаве почнал да дава бесплатни часови По продолжено мижење А секој што барем малку е при себе Знае дека се што е бесплатно Отпосле се плаќа најмалку десетпати над цената.
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)