јавност (имн.) - да (сврз.)

Пристигнувањето на првите сојузнички новинари и нивните извештаи и репортажи од самото место влијаеле да се надмине времето кога Југословенската влада во емиграција и нејзините пропагандни центри успевале меѓу сојузничката јавност да протурат информации за „борбата“ на Дража Михаиловиќ и за четниците, игнорирајќи ги силите на НОВ и ПО на Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Од средината на 1944 година, настаните на политичко поле во врска со Југославија се одвивале со таква брзина што во секој нареден ден се очекувала разврската на т.н. југословенски проблем.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Луис Адамиќ, по повод говорот на Черчил, на ручекот на Редакцијата на весникот „Њујорк Хералд трибјун“, одржан на 7 март 1944 година, апелирал до американските новинари и до политичката јавност да ѝ се погледне еднаш на вистината в очи, бидејќи и самиот тој, како Американец, повеќе бил загрижен за Америка што нема доволно сили за да престане да „игра на картата на европската реакција“ и што Американците „не се веќе далековиди“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Замерувајќи им на американските новинари што речиси сите "Титовите партизани ги нарекуваат комунисти", Луис Адамиќ ќе истакне: "Значи ли дека и Черчил е комунист, зашто на роденденот на Вашингтон, т.е. пред една недела, се изразуваше за Тито многу воодушевено.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)