јадење (имн.) - или (сврз.)

Го оставаше јадењето или кришум јадеше некаде настрана во дворот или градината.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Само со една реченица: „Ако нешто не е за јадење или за дупење, помочај го!“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Таму може да се купи сѐ, ако човек заборавил да купи во текот на денот нешто за јадење или за носење, па дури и литература и што ли уште не!
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Можеби никогаш дома не му имаше текнато да испие чашка пред јадење или по јадење.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)