јазик (имн.) - почне (гл.)

Нејзините очи се сретнаа со неговите и јазикот почна да му се плетка, но погледот му остана втренчен и не можеше да се откачи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Горчината од под јазикот почна да ѝ пропаѓа низ грлото слевајќи се во стомакот каде што ѝ предизвика болен грч. - Господе! Што е ова?
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Еден од професорите излегува напред и на турски јазик почнува да го држи фалбениот говор за султанот, за напредокот и за неговото долго здравје и живот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)