јазик (имн.) - да (сврз.)

Се прашува: ќе дозволи ли и може ли да дозволи Србија во тетовскиот говор да се развиваат наместо македонските и српските-бугарски особини, а заедно со јазикот да се развиваат во Тетовско наместо македонски и српски-бугарските интереси?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Раскажувај, Циљке - замоли Мита. И допраша: - Те научи ли дедо ти и на старинскиот јазик да зборуваш? - Не. Само молитви...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Јазикот да си го каснеш!” ѝ велеше тој, и секое утро, уште пред да се разбуди таа, Полин излегуваше од дома и шеташе по сите околни места и собираше разни лековити тревки и билки: матарка, лопушка, кофил, калуѓерче, русе, златарка, прешлика, штрково цвеќе, напрсточе, млечарка, кострика, лишарка, кадифче, коњски босилок, чочорка, цволика, кикара, вратика, жалфија, калофер, добричица, царево око, иванчица, вртолумче, лобода, пчелинок, кукавичица, курвиче и др.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Кара­џиќ, кој вметнува дополнителни букви во системот на дотогашната српска азбука, имено, ‘Ћ’ и ‘Ђ’ за токму српските фонеми, со што се дооформи српската кирилица.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во Македонија пред АСНОМ во употреба беше српската и бугарската кирилица, за по заседанието и по оформувањето на македонскиот како литературен јазик да се воведе типично македонско кирилично писмо, кое е прилагодено за одразување на фонетските вредности на македонскиот јазик.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Пронаоѓаш некој искршен збор, го лизнуваш со јазикот да провериш дали е останат ист по толку време.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Салатата беше аранжирана како во ресторан - ситно сечкан кромид одоздола, купче зелени маслинки одозгора и тркалца лимон наоколу - окото да ти се засити пред јазикот да ти протече.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
___ 24 Во својата татковина одат. Во татковата земја! Не е ли така? 25 Тука е Грција. Тој јазик да не го зборувате. Да зборувате грчки. 26 Ντοπιος – (староседелец) така Грците ги викаат Македонците во Егејска Македонија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Требаше славомакедонскиот јазик да биде забранет уште порано.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Најде еден недоучен, од Бапчор ќе да беше, кој се нафати нов јазик да твори со лепенки од рускиот и најмногу од бугарскиот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Бенјамин пишува дека, во превод, оригиналот станува поопфатен; Дерида додава дека преводот се однесува како „дете“ кое не е само „продукт“ подложен на законот на „репродукција“, туку кое покрај тоа ја има “моќта самостојно да говори” во нов и стилски различен, надополнувачки јазик, што ја одѕвонува „Вавилонската нота“ која предизвикува јазиците да растат. 78 Margina #10 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Доаѓаш те гледам за едно простување, за еден непребол да ги измиеш образите од солените рекички со јазикот да ја згасиш врелоста на моите усни доаѓаш да бидеме еден сон и едно утро но посреќно од денес да бидеме едно срце, да збориме со една уста...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
ИВАН: Тоа дека нема смисла на тој начин и со таков јазик да се говори за луѓето...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Каде ни се заборавените зборови пред кои запиравме како пред можност да се најде изгубеното каде се зборовите дрочни со смрчки зборовите што нѐ попрскуваа со нектар и семе по крилцата и ципите срамежливи и бесрамни зборовите заради коишто капаците би си ги склопиле и би се префрлиле слободно во другото тело како во свое во своето како во туѓо по архимедовиот закон со озрачени души да не останеме полуживи и сами вечно и од јазикот да се откажеме доброволно, како од љубовта при сѐ што сакавме да бидеме заедно уште, огин-и-ништо залудно!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Предаден е живописно Летот таа нес(о)вршена именка таа нимфоманка тлоцртот на гризодушјето живиот песок на егзилот - штрковата земја, навидум пуста стравот да се користи истиот јазик да се проколне, зборот да оживее.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Не може јазикот да си го собере. Ја разлигавил муцката, уплашен е од стравот наш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)