јамболлија (имн.) - во (предл.)

Вистинската уметност изникнува,тоа одамна се знае, со прецизноста на секој потег, за која, а тоа ми стануваше сè појасно, немам доволно време (подвлечено три пати!) - пријателите, дури и кога сум најжестоко убеден во тоа што им го кажувам, сè помалку ме слушаат, па имам впечаток дека им зборувам на глуви и дека е крајно време да почнам да ги запишувам речениците за да не се трошат залудно, но и покрај тоа, и натаму постојано дрдорам или си дрдорам, а речиси ништо не запишувам - во разговор со Мики, еден од тие оглувени пријатели од детството, не можев да се сетам како се викаше оној јужен ветар од Водно што им ги креваше фустаните на жените.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Што сѐ не направивме. Ги стававме јамболлиите во врела вода, ги прскавме со отров.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Инаку, сите постилавме јамболии во конбинованата соба, во која никој жив не влегуваше ама вратата секогаш беше отворена за да се види високиот сјај на витрината.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)