јато (имн.) - чавка (имн.)

Од куќата Дамческа се крева едно јато чавки, некое време лета над чифлизите, потоа, од кај Имотот, се свртува спрема Дупка и таму се спушта на дрвјата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Преку небото прелетуваа јата чавки.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
И еден коњаник се задава од населбата и по Градишки Пат брза спрема Голема Вода.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сум гледал како дете кога јато чавки нападнаа на јастреб.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ќе се зададат од некаде, ко јато чавки ќе се зададат, и ќе почнат да прават свијоци по небото.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)