љубов (имн.) - токму (прил.)

Бевме во годините на неискуството, кога уште се мисли со срцето, кога беспоговорно се верува во мислите запишани од философите, кога како свои се чувствуваат сладоста на стиховите заплиснати од радоста, и горкоста на песните исцедени од очајот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тогаш зборувавме за стравот, и за толку многу други нешта; минувавме денови во кои, како што ги испитувавме нашите тела, како што ги пребарувавме телата откривајќи од каде толку љубов токму кон тоа тело, така си ги пребарувавме и душите: сакавме да знаеме што значи за мене, а што за него, болката, и што значи задоволството, се прашувавме и потпрашувавме што е љубовта, а што неверството.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)