љубовник (имн.) - или (сврз.)

Измешаните насилство, сентименталност, лажност и театралност на емоциите што се во средето на конфликтот го претвораат семејството во постојано место на мелодрама.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во минијатурниот свет на семејството, меѓутоа, нема ништо иронично во однос на изведбите било на љубовта, било на омразата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Семејните драми компулсивно се одигруваат претерано, се преувеличуваат крајно несразмерно со сето она што видливо го засегаат, па оттука неминовно се и театрални.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Она што се изразува во семејните судири речиси неминовно го надминува она што навистина се чувствува.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Всушност, она што се чувствува, изгледа, може да се искаже единствено преку негово упорно хиперболично преглумување. ‌Мислиш дека однесувањето на ќерка ти или на љубовникот или на љубовницата кон тебе открива некакво непочитување на твојот сензибилитет?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Прашај ги, со оној огорчен, самосожалителен и високопарен тон: „Па зошто не можеш да ме удостоиш со почитта што ја заслужувам?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Бидејќи не може да се најде никакво соодветно оправдание, ќе мора да си го изнудиш сосила.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
“ Ваквото навидум нужно и неизбежно преглумување е она што им ја дава внатрешната лажност на емоционалните претераности во личните интеракции во семејството.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Потребно е насилство. Удри по мајка ти. Удри по ќерка ти.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Те фрапира ли студенилото на ќерка ти кон тебе или студенилото на љубовникот или на љубовницата?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Удри по љубовникот или по љубовницата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)