ќоше (имн.) - од (предл.)

Но гледај: зад ќошето од кошарата некој од ненадеж му се фрли зад грбот, го стисна за вратот, а друг му ја грабна пушката и го тресна по муцката. Полјакот згасна. Потаму - што стана, господ би знаел!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
А за нив? Ако се кандиса, колку и да е далдисан во своето сликање, таа ќе му помогне да приправат барем едно ќоше од неговата шупа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Во едно ќоше од дневната соба забележав повеќе столни лампи со убав абажур и се загледав во нив - Колку се убави секоја на свој начин, ни ниедна не е иста со другите.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)