ќуп (имн.) - со (предл.)

Фараоните на своите војсководци како награда за храброст им давале ќуп со мед.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Додека манастирскиот измеќар и некој од калуѓерите збутани до вреќите со погачи и до ќуповите со вино, викаа по него да легне долу, тој сѐ повеќе и повеќе се исправаше и го виде ројот дечишта забрани од јаничарите во заеднички синџир, а веднаш по нив и коњските газови, мазни и светливи како килими.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Имавме голем ќуп со масло за цела зима. Беше скршен во безброј невидливи парченца.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)