џунџуле (имн.) - и (сврз.)

Дома беше и џунџулето и опојниот мирис на црвениот трендафил врз чии лисје зората секогаш оставаше капки роса...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Со здравата рака Циљка ја фати стврдната дланка на мајка си, ја принесе до усните, нежно ја бакна неколкупати и со насмевка полна тага, се потсети на нешто многу блиско, сакано и драго: - Мајко - рече тивко, гледајќи ја в очи - порано секогаш дланките ти мирисаа на топла погача и леб, на млеко и сирење, на сено и пченица, на зрело јаболко и печена круша, на вино и на мед, на џунџуле и босилок, на свежа ораница и на пепел од нашето огниште и од фурната.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Од под нејзините стреа засекогаш одлетаа ластовиците и ветерот презаситен со чад, далеку го однесе мирисот на џунџулето и босилокот што толку многу ги имаше во дворот... Пусто... Запустено...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сите, и старците, и бабите, и децата беа закитени со кивчиња од џунџуле и босилек, ги носеа на капите, на дартмите, во косите над десното уво, на облеката на градите, а чупите на главите носеа венчиња од малиново дрво и полски каранфили и во рацете црвени рози.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)