богами (мод.) - може (гл.)

Најпрвин само офкаше кутриот Сергеј а малку потоа богами можеа да му го слушнат гласот и оние Козаци што беа слезени два метри под земја; оние кои не сакаа да го издадат Императорот и да им се придружат на црвените.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Баш во мигов, пак, Краснојарск е домаќин на тајната конференција на сибирските алхемичари кои се договараат како, без никој да дознае, да извезат црвена боја за фустанот на сопругата на американскиот претседател за свечениот прием во Белата куќа во чест на кинескиот претседател, отшто во белата куќа меѓу сите зналци и душкала има и такви кои знаат дека џиш црвената може да џишне на незгодни места, може да џишне мнозина, а богами може да џишне и цели народи, ако алхемичарите се вљубени во џишнувањето.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)