всушност (мод.) - ме (зам.)

Се свртувам кон едната, нешто ми вели а всушност ме мами на бакнеж со своите месести, сладострасни усни.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Затоа сега мислам дека Гала мене всушност ме мразеше, а можеби, што мене ми делува уште понавредливо и поболно, ме ненавидуваше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Она што всушност ме одби од Луција таа вечер беше едно ситно движење на нејзините нозе, едно сосема беспрекорно, технички изведено поместување на нејзините колкови, со кое таа ме привлече кон себе, ме зароби, и јас се најдов токму на местото каде што треба да биде маж кога спие со жена; беше тоа една совршена технологија на водење љубов, нешто што за искусниот маж е вистинска посластица, кога ќе го сретне кај некоја жена.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Всушност ме водеше помислата дека треба да го развиваме во нас она чувство кое ќе ни овозможи да ја уриваме оградата од грдите правила и рецепти, но притоа да не дозволиме да нѐ раководи желбата за напуштањето на оградениот простор туку со нашето однесување да овозможиме тој простор да се проширува и облагородува.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Помислата на нив всушност ме поттикнува да побарам од иследникот некои разјаснувања.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Значи да повторам, без некое чувство на вина: јас во повеќе куси мигови имам дружено со привидите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не, оваа помисла не ми наиде случајно.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но тој повторно е зафатен со темницата во прозорецот а јас… јас навистина се плашам дека може да се случи и на глас да го прашам дали верува дека неговото професорско однесување може да придонесе во разрешувањето на сложените прашања и дилеми сврзани со мојот случај, во кој наивноста и брзоплетоста заземаат најзначајно место?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ова откритие ме вознемири. Всушност ме вознемири фактот дека техниката на пишување ја имам видено некаде, но не можев да се сетам каде?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Да не спомнувам сега дека ова се случуваше во оние години кога уште верував дека човекот поминува само низ еден живот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)