всушност (мод.) - јас (зам.)

Последниве денови, често си правам биланс на мојот однос кон животот: иако и татко ти и ти постојано зборувате како сè е онака како што јас сакам да биде, дека јас ви се наметнува, всушност јас отсекогаш сум ви се потчинувала.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Всушност јас немам сила да го откопчам за да го соблечам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Сака да речам дека сум умрен, а всушност јас не сум.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Тоа ќе значеше дека ме искористувате како жена, кога всушност јас не сум тоа и кога ми е потребна помош, многу помош, за да израснам во жена.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Всушност јас, божем несакајќи, ја наместив средбата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И наеднаш сфаќам дека всушност јас сум творецот - обликувач на глупавите прашања, и дека со нив всушност настојував да ја омаловажам загриженоста од ситуацијата во која се наоѓав.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Очекував уште нешто да рече. Или да потпраша. Но таа продолжи со крпењето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А токму со ова многу обично и безлично, се случуваше вчера, всушност јас го означувам како изминат (и тоа засекогаш) првиот ден од смртта на мајка ми.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ги шепотам зборовите засекогаш, прв ден, вчера, а можев да речам и сега, па дури и штотуку, (ги шепотам без одредена намера, дури и без некое посебно чувство сите овие толку далечни и неодредени зборови) а сигурен сум дека тагата и немирот никогаш не почитувале временски и други определби.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А дека тоа е така ме увери она додатно прашање што требаше да ги обезвредни сите размисли со кои заспивав и се будев.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Она: „Дали ваквите дилеми не се бегства од суштественото?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А веднаш потоа онаа сугестивна, можеби и корисна но многу неодредена или недосеглива заповед: „Големината на човекот се мери според неговата способност да му го покажува патот на времето“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Имав впечаток дека таа кришум веруваше дека преку оваа моја игра всушност јас се обидувам да и се приближам на вистината што таа грижливо ја криеше.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Б.С. тврдеше дека во разговорите со него Самоников се однесувал чудно после онаа наша посета кај Јана.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Го знам и тоа, ѝ реков, дека ти знаеш оти всушност јас сум оној несреќник кој не е сигурен во колкава мера ги пречекоруваш границите на верноста.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ги прошетувам низ мислите сиве овие прашања а знам дека се потсмевам на самиот себеси бидејќи сум свесен дека всушност јас и не се трудам премногу за да најдам објаснување за причините што придонеле да заскитам во лавиринтот на настаните.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Потоа додадов дека е човешки вљубените да се сомневаат.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Б.С. изгледа настојуваше да ми укаже дека всушност јас сум едниот од оној мал број познати кој може да си претпостави барем за некоја од причините што довеле до оваа несреќа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)