можеби (мод.) - ме (зам.)

Ме поврзуваат со угодни и сериозни предмети; можеби ме прима некоја куќа по којашто копнеат, можеби парче дрво за штавење што некогаш го вкусиле.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Можеби ме дупеле у здрав мозок ама моите сиви ќелии сѐ уште се здрави за да препознаат сексуално насилство и навремено да реагираат.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Но, ете, сега кога дојде денот да си ја пуштам душичката и јас некој да сакам, да му го кажам тоа во лице и толку искрено, можеби ме стаса казната.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Можеби ме грабнала од некое босанско село, од двор, од улица на некој град и дошла овдека да си го ебава животот во шупата во која поминавме шеснаесет години.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ме родила, да, можеби, но можеби ме нашла на патот, крај некој ендек, можеби ме украла…
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Или ме сожалуваше? И можеби и имаше право.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А можеби ме имаше и замразено поради работата што мораше да ја извршува изложувајќи се на сите оние неволи.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во селото на седумте црнчиња со кадрави коси и бели заби нѐ пречекаа со тапани и со банани.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Не чувствував жед. Можеби ме напоиле додека спиев можеби и сам сум пиел од некој извор без да знам дека сум го сторил тоа.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)