можеби (мод.) - јас (зам.)

Си реков, ние секако не можевме да функционираме добро, можеби јас ќе се сменев и ќе се трудев да бидам подобра.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Но тогаш, можеби јас бев во право.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Ете! Да не се случеше таа случајна средба помеѓу мене и тој стрип, можеби јас денес ќе бев некаков успешен банкар, или еминентен политички коментатор, или флексибилен деловен човек, па дури и ептен угледен правник (за каков што ме мечтаеше татко ми во своите родителски сништа)...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
„Ти не лутиш, Рози?” „Зошто, Кети! Зошто?” „Ти тивка. Мислам можеби јас многу збори ти да стане јака и дебела.”
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Едно време рече дека нема среќа, дека можеби јас имам и ми направи место до себеси.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Сепак ви повторувам: можеби јас грешам.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Дека можеби јас нејзе ѝ правам магии? О, глупава јас.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Можеби јас сакам да го сочувам манастирот повеќе од него.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Можеби за болот друго срце треба и тагата да е лач на месечината, можеби јас нема да се најдам себе, можеби ... Но слеј се, слеј се со тишината.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
- Знаеш, - се досетив, - дека можеби јас веќе него сум го добил?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Можеби јас сум еден од оние кои сликаат според соништата кои одбиваат да ловат, значи да убиваат со полуотворената уста на стрелата за да ја наполнат својата и на своите жени плодови саможитни што берат и за нас се молат да има улов повеќе одошто ни треба (жените кои мислат поинаку ги праќаат своите души на срните да им бидат штитник на стрелите урок) за пречек ни принесуваат богат огрев богот на гревот ни го ложат пред спиење за да заборавиме на писокот на жртвите поостер од остриците во нив набиени за да гинеме од ноќ во ноќ непоштедени од грозата на лажната смрт заблазувајќи им на оние кои писнале еднаш засекогаш!“
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Или можеби Јас не сум за ваков свет!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)