можеби (мод.) - птица (имн.)

Ќе бидам можеби жедна ерихонска роза, можеби конопје во саксија на балкон, можеби птица што кака над глава, можеби овца, можеби крава.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Иако знам дека од пред половина година мојата Миру, моето мало Огледалце е можеби птица, можеби цвет, а можеби дури и ѕвезда, многу сум тажен што не е со мене и многу ми недостига.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Од неа ми остана нејзиниот последен килим, темносин, како бојата на индигото, истата онаа боја што секоја вечер ја има на небото по зајдисонце, кога океанот крај Гоа и вселената над него се спојуваат во едно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)