можеби (мод.) - за (предл.)

Меѓутоа, понекогаш животот како свесно да ги одбегнува полесните патишта и создава испреплеткани случки, можеби за поука.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Можеби за овие шо лапаат милиони е малку понаклонета во споредба со некој мулти талент од Агино село за кој судбината сакала да се роди баш таму наместо во Мадрид.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Утробата на Винстон се преврте. Наскоро, многу наскоро, можеби за пет минути, можеби сега, тропотот на чизмите ќе значи дека дошол неговиот ред.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
За волја на вистината, Александар од кога знаеше за Бојана, на работа носеше фармерки, можеби за нијанса поскапи од неговите.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Лена не ја одби мојата молба за разговор, но рече дека можеби за мене ќе било подобро друг пат да разговараме.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Можеби за миг погледнал во избраникот на игуменијата Минадора и можеби видел дека тој е третиот што ќе му помогне на качарот Никифор да ја смени скршената оска: така е, тој мајчин син бега од неволата на болниот Неделко, се прави удрен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Не, јас веќе никому не ќе пуштам крв, рекол со напнат глас.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можеби за болот друго срце треба и тагата да е лач на месечината, можеби јас нема да се најдам себе, можеби ... Но слеј се, слеј се со тишината.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Можеби за роденден ќе му купат работна ламба - слична на онаа со зелен штитник.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Испуштив да речам дека со едната рака најнапред помина низ кадрите на Виктор, можеби за да му ја изрази и овојпат својата наклонетост, а потоа се сосредоточи на нашите чаши.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Сто и педесет рубли за шинел! – извика кутриот Акакиј Акакиевич, можеби за првпат откако се родил, зашто секогаш се одликуваше со тивкост на гласот. - Да, рече Петрович, и тоа зависи каков шинел.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)