можеби (мод.) - на (предл.)

Можеби на покривот од баладахинот има огледало, си помисли Александар и самиот си се насмевна.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Признавам, дека во таа силина на поривот, помислив дека, најпосле, можеби на главниот резервоар ќе се стави некоја спомен табла со моето име. Би било ред.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Ти личам, можеби на глупав калуѓер?“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сепак, текстовите што се пред вас, донекаде го предочуваат подрачјето од теми и проблеми објавени во минатогодишните броеви на Хипатија, специјализиран журнал за феминистичка философија кој можеби на најдостоен начин го пројавува стремежот на жените за полноправно учество во она што преостана од некогашната „кралица на знаењето“ и „умоводителка“.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Третиот брат држеше касапница во градот, касапницата на бегот, и затоа можеби на тремот од куќарката на овие Турци понекогаш гордо висеше, и по неколку дена, заклана јалова овца.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)