можеби (мод.) - по (предл.)

Можеби по ослободувањето ќе се мислеше и за соединување со Бугарија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
1 Го оставивте пуст патот на нејзината тага избегавте од допирот на студените прсти па сепак навраќавте верувајќи дека ја нема за да го чувате трагот што останал можеби по неа.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Можеби, можеби по милион години од него ќе се развие огромно дрво што ќе дава прекрасни плодови.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Можеби по линијата на ридот мина мал облак или кадра на зимска магла што до овој ден се притајувала во некоја камена пукнатина колку за да се прости само од некој свој заложник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А додека да се случи тоа, можеби по илјада години, тие ќе продолжат да живеат, наспроти сѐ, како птици, пренесувајќи ја од тело на тело виталноста што Партијата ја нема и не може да ја убие.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога мислам на тоа утро, ми се чини дека во црнкиве мои сѐ уште нечујно се движи намален коњ.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)