односно (мод.) - сѐ (прил.)

5. Таква е, гледана однадвор, пуста и ненаселена, наваму од крајот на последната Голема војна, односно наваму од принудната колективизација, и нешто потоа, откако ги зафати луѓето емиграцијата, таа самоникната и безимена потковица среде Бакарно Гумно, која, спуштајќи се благо по голите падини на ридиштата, на запад и на југ, сè до мелиорацијата (пред десетина години ја извршија доброволно младински работни бригади; покрај бесплатна исхрана, работничка облека и плускавици на дланките, младинците имаа и задача да ги шират меѓу себе љубовта и братството) се преточува во ливадско земјиште (сега сушно и неплодно) испресечено со мртвици и блата кои, пак, се вливаа во Црна и во кои заедно со стотици видови барски и преселни птици живееше и лошиот дух на маларијата, а на исток и на север, односно на североисток и на северозапад, сѐ до мариовските планини, односно сѐ до Прилеп и сѐ до крушевските планини, во житница и тутунско поле.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
2. Натаму од Неделска Вода, околу наоколу по должината на целиот гребен на Потковица, некаде и на падините, под осамена оскруша, под осамен глог, или под осамен џбун од диви рози, сѐ до нејзиниот крај, односно сѐ до почетокот на источниот лак, се таат Средочна Вода, Топла Вода, Киселец и многу други знаменити или безимени води кои служат за поило на луѓето, на добитокот и дивината.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се спушта во малечка заветрина, Јасики, и искачувајќи се по јужните падини на Зајачки Рид испливува горе на ридот и по него се протегнува сѐ до Алилово, односно сѐ до крајот на источниот лак на Потковицата, односно сѐ до конечниот крај на целата Потковица.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)