односно (мод.) - тогаш (прил.)

Кога се преселивме во Македонија, односно тогаш Југославија, бевме толку многу сиримашни што понекогаш немавме што да јадеме.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Го држевме со два прста од раката за да не ни се потроши.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Едни заминаа во градовите и во европејските престолнини за таму да се изучат, други властите насила ги одведоа и ги потоманија во затворите, трети од своја смрт си умреа, та така и гробиштата на Рамник на Горник се изменија - уште повеќе се намножија, станаа ѕидани, одозгора добија мермерни или обични покривни плочи и камени крстови со врежани имиња на покојниците, а околу наоколу висок ѕидсо убава порта од северна страна, односно тогаш од кај местото обележано за црква.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Подоцна, кога публиката веќе не правеше разлики меѓу редимејдите и другите уметнички продукти наменети за продажба; односно тогаш кога успеја да ја амортизира бунтовничката сила на Duchamp-овите идеи, тој самиот веќе не ја гледаше целта на ваквото противуметничко дејствување, и ја напушти својата антиуметничка стратегија, вџашен од сето она што се беше случило.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)