без (предл.) - врска (имн.)

Ги стасав и појдов со нив. Ненадејно, без врска и потреба, Пенчо гласно кликна: - Земај сѐ што можеш!
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Прво и основно не отидов во Лондон, а второ, без врска беше што така неразумно завршив без работа, за што самата си бев виновна.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- Што да правиме, душичке? – промуца тој онака без врска.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Летувалиштето до скоро беше од затворен тип, а сега отворено за сите граѓани, макар што во него тешко се наоѓаа слободни места без врски од некој посебен или стар вид.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Не знам како „пасторални“ тој очекуваше да бидат, но кога ги виде огромните кравји глави - потполно розе на потполно жолта позадина - кои имав намера да ги претворам во тапети, замолче... но затоа после неколку моменти извика: „Тие се супер- пасторални! Тие се без врска!
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Се прашувам, што ли е тоа лимон“ ? додаде таа без врска.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Пенчо направи тажно лице и како просјак застенка без врска со прашањето: рече дека нема ни татко ни мајка. дека е гладен.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)