без (предл.) - глас (имн.)

Обвинети за злосторство над шеснаесетмина, за грабеж и за сокривање на оружје, шеснаесетмина несудени воденичари биле осудени на бесење, другите неколцина ги одвлекле стии без трага и без глас: судот ги казнил на сто и една година робија.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Подзина, се прекрсти во мислите. Господи, без глас шепотеше. Господи, претешко е подбивањето за моиве плешки.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Му се чинеше дека точно знае како изгледа да се седи во ваква соба, во фотелја покрај запалениот оган во каминот, со стапалата на оградата и со чајник закачен на куката: сосем сам, безбеден, без никој да го посматра, без глас што го следи, без секаков звук освен пиштењето на чајникот и пријателското отчукување на часовникот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но Калија веќе не беше таму. Ја зела чезата, рече татко му Пајко без глас, и штом слушнала дека е тој в џамија, тргнала уште со ден кон манастирот „Свети Никола“ во Кожле.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Така било: несреќата завиткала во црно над четириесет куќи а од плачењето на проретченото Кукулино и небото трепетело.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Буржоаската јавна сфера се заснова на принципите на отворена дискусија и користење на дискурзивната аргументација.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Во идеални услови, јавната сфера е арена каде поединците учествуваат во дискусија за прашањата од заеднички интерес, во атмосфера без никаква присила и нееднаквост кои би можеле да влијаат врз индивидуалните мислења или да ги оставаат без глас.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Пелагија клечеше крај неговата глава, го оплакуваше во себе, без глас и без солзи, оплакување што повеќе беше монолог отколку дијалог, всушност не кревајќи ја главата, чувствувајќи со снагата и слушајќи со ушите што се случува во одајата, кој доаѓа и кој заминува, таа му вели на старецот и се надева дека немите зборови што ги пушта во отворените очи во кои сега светот е сведен на таванот, дека незнајно како тие стигнуваат и до оној дел на старецот што уште не е заминат, а и до неговата дебела половина, до бабата Петра, која во мигот го слуша ритмичното вртење на тркалата од возот Ти дедо Костадине ја сврши најдобрата работа така да знаеш ги откорна бегалците од овој батак и ги упати назад во коренот во здивот на дедовците не е важно што ти и јас остануваме тука така ни е пишано зар не така ни било чкртнато да останеме во проклетава рамница за да бидеме дира на нашето талкање оти колку сакаш кажувај му некому дека си бил таму и таму си проживеал тоа и тоа ако не оставиш потврда за тоа како што направи сега ти кога ги напади сите во брегчињата и ритчињата на Македонија а ти остана тука каде што не сакаше да останеш за што јас живата и осрамотената ти сум бескрајно благодарна што ќе бидеме заедно ти во меката кална утроба на земјата јас земјосана калосана врз земјата со тоа што знам дека ти уште сега јуриш да го стигниш возот за да бидиш заедно со твојата благородна баба Петра и внучињата додека твоите коски ќе бидат тука додека еден ден не заминат со мене и не тагувај нема в земји да те положам додека не најдам такво место какво што бараше ти биди спокоен смири си ја душата пушти ја да ѝ биде поткрепа и надеж на баба Петра а ти како што гледаш не си сам не оти јас ти седам над глава туку ако смогнеш сили да ја свртиш главата ќе видиш дека одајката ваша никогаш не била пополна со луѓе отколку сега оти тука се сите што те сакаа ама и оние што те колнеа кога се затвори во вагонот Папокот Корнулов за кои не се знае уште колку ќе останат тука оти се шушка како некои вагони на товарниот колосек се полнат со секакви шејови тука е и Друже Србине кој се радува што не си замина со другите мисли дека барем овие што не се заминати ќе останат со тебе и да знаеш мислам дека е во право зашто еве јас ќе бидам тука Танаско децава школнициве цела година ќе се ловат по широкиве и празни улици! сака да го продолжува својот монолог ама одајчето е полно со тела и врева и таа не си ги слуша мислените зборови, мислата ѝ ја запираат, ѝ ја раскинуваат.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)