без (предл.) - зрно (имн.)

Истите ја отвораат устата и стотица слепи кокошки се предаваат, всушност, оставаат да бидат отепани без зрно барут.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Без зрно и пукот ни помогна да спастриме десетина... - И тоа со врескање! ... - додаде Сандре.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
— А бре ми, кај си, стопанка му, од кога не сме се виделе. Загинаме, без зрно барут.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)