без (предл.) - милост (имн.)

Менувањето на кулисите на пост-замјотресното Скопје беше вртоглаво. Градот од разгледниците исчезнуваше без милост.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
И затоа не размислувам, на тоа што ме кочи, стравот од мене бега, летам во воздух, јастреб без милост, без непребол.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
И еден човек, човек без душа, човек без срце, без милост... само со глава, очи неверни, злобни и една младост распукната, младост замрена, и отисоци од црвени траги...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Полицаецот: Убаво би изгледале! Ве предупредувам: дури и на издишување, не сметајте на сомилост од пандурите: пандурот е без милост.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
А мракот на смртта ја голтна без милост и таа фиданка бог што ја даде.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Слоновските бранови, незапоменети од времето на еден Нојо, налетуваа без милост.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)