без (предл.) - можност (имн.)

Вкопана во место без можност да направи било што, само гледаше како се приближува тој.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Вака ми останува да свирам и пејам само за својата душа, а музичкиот талент и знаење ми стои скриен во нотните тетратки, без можност да ги чујат и некои други уши.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Дивјачки беше силувана без можност да пушти глас.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ја разоружа Анѓа која остана без можност за контранапад.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Буквално беше растргнат без можност да заземе страна.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Загатките без можност за решение, значи загатките во кои ништо не е сокриено повеќе од самите загадочни чувства, таквите загатки во најдобар случај им соодветствуваат на игрите со сенки со заборавените форми на загатки, игри во премногу доброќудните сеновити градини на историјата, игрите на сенки во сенка.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Слегнав за да се исповедам и да си го олеснам страдањето од неправдите на кои сме осудени да бидеме сведоци, да гледаме, да пластиме, без можност ниту офка да изустиме. Да си олесниме.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Куќата му ја запалил некој што се исплашил дека вдовецот со две деца ќе ја земе како втора жена Фиданка Кукникова и ќе ги остави селските мажи без можност да се надеваат на своја среќа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа може да го стори со разум и без да го потпира со прст челото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)