без (предл.) - насмевка (имн.)

Мажите го играа “Тешкото“, држејќи се здраво за раменици без насмевка, речиси намуртени.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Уште пред да може да им се најде некакво поголемо значење на нејзините врели и недоречени написи (секако под псевдоним) во весниците Дрошак и Про Армениа, некако во времето ерменско- македонскиот митинг во Париз, во 1904, или порано, Рубина Фаин сѐ почесто сонува црвени пожари и виорења на пламени знамиња над кои, сличен на легендарниот громовник стои таткото на ерменското револуционерно движење, Кристапор Микелјан, жолт, расторбешен, куц и брадест, сличен и на праматар и на изгладнет филозоф, човек во чии очи можела да се прочита болката на сите испозаклани Ерменци од преострите сабји благословени од самиот султан, од неговите суви усни без насмевка и затворени во венец на побелена брада, света и злокобна како за него.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Но попот со мирис на тутун и овчко масло во брадата ни мотоциклот го давал ни оружјето го пуштал од рака.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Онемувале и гледале вкочането, чиниш ги обзел верски занес. Чувствувале машка гладост.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Командантот Никодим и комесарот Мони, по сѐ слични на Онисифор Мечкојад и на Онисифор Проказник, едниот главурдест и со влакнести уши, другиот замислен и без насмевка на сувото лице, со сомничави очи зјапале во извезениот петокрак знак на попската камилавка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Жената предизвикувачки се ближела покажувајќи ја белината на забите и без насмевка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа биле поцрнети и исушени луѓе со опаки очи и без насмевка; некои од нив, со завиткани шамии и крпи околу главите и рацете како воскреснати чкулави Лазари што знаат дека само двапати се живее, се сеќавале на вчерашниот живот и на мракот во тој живот потежок и од умирачката, на тоа химерно џвало на кое ни стробјак ни џуџе не му бега, но светлоста на утрото обилно доаѓала од исток и ги бришела од очите на призраците суровите сеќавања.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
1 Само малку, ден неполн, поточно една ноќ по зачекорувањето на Лозан Перуника во староста што дошла по многу видени погубности, по оние умирања што се случиле во куќата на некој селанец со глува и нема ќерка, преостанатите дваесет и деветмина од дружината по изгревот стасале со двоколките во Лесново.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Лицето ѝ беше спокојно, но без насмевка.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Гледаш оти вистината мораше еднаш да пукне и да прошета пред нас, и тоа без насмевка на лицето!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Колку такви тешки, непријатни злосторства ќе се затскријат негде, ги нема, ги нема, а потоа, наеднаш ќе се појават како од зад планина.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Колку беше виновен татко ти што не ја трубеше оваа вистина на сет глас и во вистинско време?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)